News

19/04/2010 18:53

Priemni Denovi

 Приемен ден на наставниците во учебната 2009 - 2010 ГОДИНА - Предметна настава Наставници понедеделник вторник среда ...
19/04/2010 18:49

Povejke informacii

  Предмет ...
19/04/2010 18:49

Vazno za roditelite

Математичка секција  27.03.2010  Весна Бојаџиева, ОУ „Кочо Рацин“ Скопје,  Историска секција  27.03.2010  Маргарита Илиевска Павлова, ОУ „Кочо Рацин“ Скопје,  Секција по англиски јазик  27.03.2010  Јасмина Цицонкова...

Dobredojdovte vo stranata na osnovnoto uciliste Koco Racin skopje

Лична карта на основното училиште

“КОЧО РАЦИН” СКОПЈЕ

Основното училиште "Кочо Рацин" се наоѓа во подножјето на планината Водно, на улица” Салвадор Аљенде” број 2, во Скопје.

Започна со работа во првите денови од Декември 1944 година, во тукушто ослободеното Скопје, верифицирано со акт бр. 869. Тие денови во подножјето на Водно, широко се отворија вратите на малата училишна зграда за околу 300 ученици, кои за првпат слушнаа предавање на свој мајчин јазик.

Во учебната 1953/54 година училиштето "Кочо Рацин", прерасна во осумгодишно основно училиште. Поради зголемениот број ученици, во 1957 година се изврши доградба на училиштето, а со тоа се создадоа и подобри услови за изведување на настава. Истата година е воведена кабинетска настава по сите наставни предмети од петто до осмо одделение. Во 1963 година се изградени спортските терени за одбојка, кошарка и ракомет.

Имајќи ги во предвид потребите на родителите за згрижување на нивните деца, во учебната 1968/69 година е организиран дневен престој за учениците во одделенска настава. Во 1983/84 година се воведе и целодневната настава.

Училиштето располага со: простран поплочен двор, зелени површини и спортски терени, 25 училници, библиотека, сала за физичко образование, канцелариски простории, кујна со трпезарија и други простории.

Училиштето има комплетна отвореност кон средината и е заинтересирано да помогне со редица училишни активности во зависност од интересите на средината. Соработката на училиштето со локалната средина има посебно значење и се реализира преку активно вклучување на училиштето во средината, информирање за постигнатите резултати, присутни состојби и проблеми, како и разни други видови соработка, почнувајќи од родителите како најзаинтересирани субјекти за работата на училиштето, преку соработка со други воспитно-образовни установи и институции од областа на културата, стопанството, локалната заедница и други организации.

Наставата се изведува на македонски јазик.

ОУ "Кочо Рацин" е меѓу првите училишта што ги прифати основните насоки за современото реформирано училиште, за рационално користење на нагледни средства и наставни помагала, а со цел осовременување на наставата. Училиштето води постојана грижа за одржување и подигање квалитетот на наставниот процес - поквалитетно образование, преку внесување на иновации и модернизација на методите, формите и техниките на работа согласно развојните нивоа на учениците и стиловите на учење, креирање поттикнувачка средина за учење и развој, градење атмосфера на почитување различностите кај учениците.

Толеранцијата, хуманоста, човечките права, заштита на природата, се вредности кои во училиштето се негуваат со години.

Од 1995 година во училиштето започнува реализацијата на развојно-истражувачки проекти, организирани од Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука на Република Македонија. Во рамките на задолжителната настава, започнува процес на стручен развој на училиштето преку проектите:

* Активна настава - интерактивно учење од I до VIII одд.;

* Активна настава – Координирана наука физика во VII и VIII одделение;

* Инклузија на деца со посебни потреби во редовните училишта;

* Граѓанско образование – пат кон граѓанско опшество во I, II, III, V, VI одд.,

* Мрежа на училишта што го унапредуваат здравјето на учениците во училиштето, и потпроектот во рамките на овој проект -“Виртуелна училница ИТ – учење и промена”.

* Проект за модернизација на образованието;

* Комјутер за секое дете;

Проекти во рамките на ПЕП-УСАИД:

Примена на стандардите за оценување на учениците;

Унапредување на наставата по математика и запознавање на околината во одделенска настава;

* Електронско оценување- електронски дневник.

Во локалната средина училиштето ужива голем углед.

Како централно училиште ги негуваме просветните, културните, хуманистичките и етичките вредности.

Во изминатите 66 години колку што постои ОУ “Кочо Рацин”, би можеле да наброиме многу еминентни научници, уметници, професори, лекари кои потекнуваат токму од нашето училиште и го задолжиле не само нашиот крај, туку и цела Македонија, а многумина од нив се познати и надвор од границите на нашата татковина. Толеранцијата, хуманоста, човековите права, заштитата на природата се вредности кои во училиштето се негуваат низа години.

Во наредниот период перспективата на училиштето ја гледаме преку подобрување на целокупното училишно живеење.

 

ВД Директор

Маја Ангелова

Search site

Contact

O.U. Koco Racin